Turlitava.com

Полска ќе гради ограда на границата со Русија

Полска привремено ќе подигне бодликава жица висока два и пол метри на границата со Русија, што, како што рече министерот за одбрана Маријуш Блашчак, е реакција на отворањето на Калининградската област за летови од Блискиот Исток и Северна Африка.

– Во таа насока, денеска веќе почнува да се работи за подигнување на привремена ограда од три реда бодликава жица што ја користат армиите ширум светот. Тоа ќе биде истата ограда што е на границата со Белорусија, висока 2,5 метри и широка три метри. На полска страна ќе се подигне ограда за да се заштитат животните од повреди – изјави Блашчак на прес-конференција во Варшава.

Тој потсети дека ваквата ограда на границата со Белорусија ја запрела источната рута, која мигрантите се обиделе да ја искористат за преку Полска да стигнат до западните земји на Европската унија.

– Нема сомнеж дека оваа привремена ограда ја заштити нашата граница, но и го спречи или го забави хибридниот напад од Белорусија – рече Блашчак.

Одлуката на полската влада да подигне ограда на границата со Русија е донесена поради веста дека од 1 ноември аеродромот во Калининград ќе биде отворен за летови од Москва од пријателски земји, што некои воени аналитичари го оценија како обид да се донесе кај мигрантите од Блискиот Исток и да предизвикаат бегалска криза.криза на руско-полската граница.

– Мораме да направиме се за да не успее оваа хибридна војна преку злоупотреба на илегални мигранти – изјави во вторник генералниот секретар на владејачката партија Право и правда Кшиштоф Соболевски.

Exit mobile version