Познатиот рокер и пејач Масимо Савиќ (60) почина во Загреб, јавуваат хрватските медиуми. Тажната вест ја потврдија и од „Aquarius Records“. Сопругата Ени и ќерката Мирна со емотивна објава на социјалните мрежи се простија од Масимо.
– Таткото, сопругот, гордоста и љубовта, Масимо Савиќ, не напуштија по кратка, но херојска борба.
Иако го напушти овој свет, тој ќе живее во нашите души засекогаш; насмеан, топол, силен, полн со љубов и исткаен од уметност. Ќе бидеме твоите девојки засекогаш. Ени и Мирна.
Според последните информации кои ги пренесоа хрватските медиуми, а ги објави државната телевизија ХРТ, Масимо починал синоќа, на 22 декември, во болницата Виноград во Загреб, каде се лекувал од рак на белите дробови.