Традиционалното менување на стражарската церемонија, што требаше да се одржи утре пред Бакингемската палата, е откажано, јавува Би-Би-Си.
Пред палатата е поставена табла која ги известува туристите дека церемонијата е откажана.
Церемонијата беше откажана откако Бакингемската палата денеска соопшти дека лекарите се загрижени за здравјето на британската кралица Елизабета Втора и препорачале таа да остане под медицински надзор во замокот Балморал во Шкотска.