Turlitava.com

Од 2019 година до сега повеќе од двојно зголемен бројот на луѓето кои се соочуваат со глад

Повеќе од двојно е зголемен бројот на луѓе кои се соочуваат со акутен недостиг од храна во светот. Бројката достигна 345 милиони од 2019 година поради пандемијата на Ковид-19, конфликти и климатски промени, објави Светската програма за храна (WFP).

– Пред кризата со коронавирусот, 135 милиони страдаа од акутен глад во светот, изјави Корин Флајшер Ајшер, регионална директорка на Светската програма за храна.

Бројките се зголемија оттогаш и се очекува дополнително да се зголемуваат поради климатските промени и влијанието на украинската криза, како што објасни таа, има големи последици особено на Блискиот Исток и Северна Африка, наведувајќи го примерот на Јемен, кој увезува 90 отсто од потребите за храна, а околу 30 отсто од регионот на Црното Море.

– Светот едноставно не може да си го дозволи ова, рече Флејшер.

– Сега гледаме десетпати повеќе раселување ширум светот поради климатските промени и конфликтите и секако дека е меѓусебно поврзано. Навистина сме загрижени за комбинираниот ефект на Ковид, климатските промени и војната во Украина, рече таа.

Exit mobile version