Turlitava.com

Објавена крштеницата на Никола Тесла: Кое е неговото вистинско име? (ФОТО)

Никола Тесла ќе остане запаметен како еден од најплодните научни умови на модерната ера, човек чии пронајдоци овозможија производство и пренос на електрична енергија, односно електрификација на градовите, поради што човештвото влезе во нова ера на технолошки и индустриски развој, пренесуват српските медиуми.

Тој е роден во Смилјан на 10 јули 1856 година како четврто од петте деца во семејството на православниот свештеник Милутин и Георгина. Покажувајќи силен талент за научно-истражувачка работа, по завршувањето на основното и средното образование, на 19-годишна возраст се преселил во Грац каде што го посетувал Политехничкото училиште.

Повеќе од век и половина се раскажуваат речиси сите приказни за него. Сепак, еден дел од неговата биографија на многумина не им е познат.

Еден детаљ за животот на Тесла, кој малкумина го знаеле, се појавил во декември 2019 година, а потоа се дознало дека крстеното име на големиот научник не е Никола. По тој повод беше откриена крштеницата на најголемиот гениј на сите времиња. Имено, крстеното име на Тесла не било Никола, туку Николај.

Exit mobile version