Turlitava.com

Милер: Цената на гасот може да надмине 4.000 долари за 1.000 кубни метри

Цените на природниот гас во Европа, според проценките на Гаспром, би можеле да надминат 4.000 долари за илјада кубни метри во текот на есента и зимата, изјави директорот на оваа руска енергетска компанија Алексеј Милер.

– Цената на гасот редовно надминува 3.000 долари за 1.000 кубни метри. Ние во Гаспром направивме прогнози за цените за претстојната зима. Во екот на максимумот во сезоната есен-зима, цената може да надмине 4.000 долари за илјада кубни метри – изјави Милер, пренесува РИА Новости.

Минатата недела, пазарната цена на гасот во Европа надмина 3.000 долари за 1.000 кубни метри за прв пат од почетокот на март, бидејќи се очекуваше снабдувањето на „Северен тек“ да биде прекинато на три дена од 31 август за да се поправи единствената преостаната единица за гасен компресор.

Exit mobile version