Turlitava.com

Лиз Трас најави воена помош за Украина од 2,6 милијарди долари

Британската премиерка Лиз Трас денеска во Њујорк, каде што ќе учествува на Генералното собрание на Обединетите нации, изјави дека британската помош за оружје за Украина следната година ќе изнесува 2,6 милијарди долари и ќе биде двојно зголемена во споредба со овогодинешната помош, објави денеска Ројтерс.

Британија ќе продолжи да и помага на Украина, бидејќи безбедноста на таа земја е и наша безбедност, нагласи Трас во изјавата пред денешниот почеток на Генералното собрание на ОН.

Трас утре во Њујорк ќе се сретне со американскиот претседател Џозеф Бајден, со кого ќе разговара за воената помош за Украина.

Трас, во својата прва посета во странство по преземањето на функцијата, ќе ги повика лидерите на Генералното собрание да помогнат да се стави крај на енергетската криза во Европа која настана откако Русија го прекина снабдувањето со гас, пренесува Танјуг.

Велика Британија очекува да постигне трговски договор со САД како една од најголемите награди за нејзиното излегување од ЕУ, но надежите за брз договор беа уништени кога администрацијата на Бајден рече дека тоа не е приоритет, пренесува Ројтерс.

Exit mobile version