Turlitava.com

Кличко: Најмалку една жртва во ракетниот напад врз Киев

Најмалку едно лице загина денеска во руски ракетен напад врз Киев, соопшти градоначалникот на главниот град на Украина, Виталиј Кличко.

Ракети погодија региони и делови од градовите, вклучувајќи ги Киев, Лавов и Ривне на запад, Харков на североисток, Криви Рих и Полтава во центарот, Одеса на југ и Житомир на север.

Кличко претходно денеска објави дека две станбени згради во центарот на Киев биле погодени од руски ракетен напад.

Тој на Телеграм истакна дека биле соборени неколку ракети. Спасувачките екипи се на терен, додаде Кличко.

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак на Твитер објави дека Русија одговорила со нов ракетен напад на обраќањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски на самитот на лидерите на Групата 20 на Бали.

Ројтерс објави дека најмалку две експлозии одекнале во Киев и дека над градот се издигнал чад, како и дека Русија извршила ракетни напади врз градови и енергетски објекти низ Украина.

Exit mobile version