Turlitava.com

Каде се најскапи јајцата во Европа?

Хрватите и Грците ги јадат најскапите јајца во Европската унија, иако во хрватскиот случај е тешко да се сфати зошто е тоа така.

Хрватска во текот на мај беше најскапа во Европската унија со цена од 2,85 евра за килограм јајца, а Грција ја престигна на почетокот на туристичката сезона.

Во јули годинава просечната цена на конзумираните јајца од категоријата Л и М во Хрватска била 2,84 евра за килограм, што е дури за една третина повисока од просекот на ЕУ.

Во исто време, само Грција во јули беше поскапа од Хрватска.

Според податоците на Евростат, цената на јајцата во Хрватска е повисока за 38,4 отсто во однос на јули минатата година, додека просечната цена во ЕУ скокнала за 17 отсто. Во Хрватска, значи, во последната година јајцата поскапеа двојно од ЕУ.

Во Белгија, на пример, просечната цена на јајцата од L и M категорија беше 1,68 евра за килограм, во Германија 1,93 евра, во Романија 1,95 евра, во Унгарија 2,18 евра и во Словенија во просек 2,32 евра за килограм. Ваквата цена е особено тешко да се објасни со оглед на големиот увоз на поевтини јајца од европските земји во Хрватска. Така, Хрватска во првите пет месеци од годинава увезла околу 2.800 тони јајца, а извезла само 596 тони.

Најмногу од сите видови јајца во Хрватска во тој период се увезени од Германија (околу 500 тони), Албанија (442 тони), Бугарија (388) и Словенија (358 тони), откриваат новите податоци на хрватското Министерство за земјоделство, пренесуваат хрватските медиуми.

Exit mobile version