Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на овогодинешниот Австралија опен, победувајќи го рускиот претставник Андреј Рубљев во три сета (6:1, 6:2, 6:4).
Новак во текот на целиот натпревар беше посигурен и подобар противник. Во секој сет веднаш на почетокот му го одзема сервисот на противникот и со тоа добиваше предност и можност полесно да игра.
Ѓоковиќ во полуфиналето го чека Американецот Пол, кој со 3:1 во сетови беше подобар од сонародникот Шелтон.