Turlitava.com

Директорот на нуклеарната централа Запорожје не се враќа на работа

Директорот на нуклеарната централа Запорожје во Украина, Игор Мурашов, кој неодамна беше уапсен во, како што сметаше Украина, терористички чин од Русија, а потоа беше ослободен, нема да се врати на својата работа во нуклеарната централа – изјавиле денеска од Меѓународната агенција за атомска енергија МААЕ (IAEA).

– МААЕ разбира дека господинот Мурашов сега е со своето семејство на територијата контролирана од Украина и дека нема да продолжи со своите должности – се вели во соопштението на МААЕ.

Од МААЕ додаваат дека засега не се знае кој ќе го замени Мурасов на позицијата управител на нуклеарната централа Запорожје.

Exit mobile version