Turlitava.com

Бајден нема намера да разговара со Путин

Американскиот претседател Џозеф Бајден „нема намера“ да одржи билатерален разговор со Владимир Путин на самитот Г20, индустриски најразвиените земји во светот и земјите во развој, на кој двајцата лидери треба да присуствуваат во ноември во Бали, Индонезија.

Американскиот претседател „нема намера да седне да разговара со Владимир Путин“, изјави портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби.

Бајден веќе најави дека нема намера да се сретне со саудискиот принц Мохамед бин Салман на самитот.

Exit mobile version