Turlitava.com

51 лице во болница поради труење со амонијак откако воз излетал од шините кај Пирот

Педесет и едно лице се хоспитализирани со симптоми на труење со амонијак, од кои две се со потешки симптоми, соопшти Секторот за вонредни состојби при МВР на Србија, откако цистерната што превезувала амонијак излетала од патот и паднала во Нишава, а амонијакот во допир со водата има бурна реакција, поради што оваа супстанца се проширила во атмосферата.

Останатите пациенти имале симптоми со труење, двајца со потешка клиничка слика. Сите се со стабилни параметри и поблаги хемиски опекотини, велат од КЦ Ниш.

МУП апелираше до граѓаните кои живеат во близина да не излегуваат од домовите и да не излегуваат надвор.

Во прекин е и сообраќајот меѓу Пирот и Бела Паланка по магистралниот и главниот пат поради слаба видливост, а алтернативната траса е преку село Понор.

Exit mobile version