Turlitava.com

Започна со работа првиот веб-агрегатор за прелистување на достапни аранжмани од македонски тур-оператори и туристички агенции

Дали ви е познато ова сценарио. Сакате да одите на одмор во регионот, имате одреден буџет, но немате идеја каде. Токму тука започнува вашата голгота. Отворате сајтови на десетици агенции, гледате табели со цени со кои тешко се снаоѓате, ѕвоните на телефони, одите од канцеларија до канцеларија … и така со денови. Изборот е голем, ама веќе сте заборавиле кои услови ви ги понудија во претходното место …

Ајде на Одмор“ е веб-агрегатор кој ги претвора соништата за патување според сите ваши желби и потреби во реалност. Платформата е резултат на интензивен труд и усогласување на потребите на тур-операторите и корисниците, а е креирана со цел да олесни процесот на букирање на идеалниот летен одмор со неколку кликови од кој било уред и кое било место.

Преку само неколку едноставни чекори, корисниците имаат можност да ги пребаруваат најновите понуди од македонските тур-оператори и агенции, да споредат цени и да ја изберат таа што најдобро одговара на нивните потреби.

Пребарувањето на агрегаторот се одвива според преференциите на корисникот и му овозможува брзо и ефективно разгледување, селектирање и онлајн купување на туристички аранжмани. Услугата е достапна 24/7 и во реално време ја прикажува достапноста на слободните капацитети на пазарот, благодарение на ажурноста на сите агенции кои се вклучени во системот.

Еден од главните предности на www.ajdenaodmor.mk е интеграцијата со Merakzy, првата веб-базирана софтверска платформа за комплетно менаџирање и автоматизација на работните процеси во туристичките агенции, нивната соработка со субагентите како и онлајн резервација на пакет-аранжмани. Токму оваа предност обезбедува автоматско пренесување на информациите за резервацијата до системите на агенциите во реално време, што гарантира точност и избегнување на потенцијални проблеми, како што е двојното букирање.

Во моментот на агрегаторот се достапни повеќе од 5.000 термини за Грција, Албанија и Црна Гора.

Визијата на компанијата е наскоро да се прошири на Балканот и да им овозможи на крајните корисници, брзо и лесно букирање на аранжман, кај која било агенција од регионот.

Exit mobile version