Turlitava.com

Во кои сектори се исплатени највисоките плати во Македонија?

Според државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2022 година, изнесувала 31.869 денари.

Меѓу најдобро платените работници во нашата земја се најдоа компјутерџиите, банкарите, научната фела.

Податоците покажуваат дека на врвот повторно се вработените во категоријата компјутерско програмирање, кои имаат плата над 80 илјади денари.

Еве ја лисатата со највисоко платени професии во земајва:

– Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности 81.094 денари,

– Воздухопловен транспорт 50.513 денари,

– Финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови 50.043 денари,

– Останати стручни, научни и технички дејности 49.901 денари,

– Дејности на изнајмување и давање под закуп (лизинг) 49.276 денари.

Според ДЗС, во јуни годинава просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен изнесувала 47.634 денари.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни истиот месец лани е зголемена за 10,9 проценти.

Exit mobile version