Turlitava.com

Во Градскиот парк во Битола се гради ново детско катче донација од БИМИЛК

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски вчера изврши увид во теренските активности за изведба на ново детско рекреативно катче, лоцирано наспроти стадионот во Градскиот парк, кое е донација од компанијата Бимилк, по повод 70 години од постоењето на овој битолски бренд.

Претставниците на компанијата го запознаа градоначалникот со динамиката на изведба и реквизитите кои што ќе бидат поставени во ова катче, наменето за најмладите.

Градоначалникот Коњановски ја потврди одличната соработка со компанијата Бимилк и истакна дека сѐ повеќе е изразена потребата од нови катчиња за рекреација во градот.

Exit mobile version