Turlitava.com

ВИДЕО: Како помина најуспешното издание на ‘Lake Ohrid SUP Crossing’ на кое имаше над 100 учесници од 14 различни земји

Lake Ohrid SUP Crossing’ на кое имаше над 100 учесници од 14 различни земји оваа година имаше 3 категории и тоа, 23км трка за веслачи со тврди даски и даски на дување како и 26км Авантура наменета за рекреативни веслачи. Апсолутен победник во професионалната трка од 23км кај мажите и оваа година беше Словенецот Лука Кожар (2h31m) а кај девојките пак победи 16 годишната веслачката Лена Новак од Полска (2h41m). Во трката со даски на дување најбрзо време кај мажите имаше Горан Смирчич од Хрватска (3h02m) а најбрза кај жените беше Тунде Моравцик од Унгариja (3h16m).

На наше огромно задоволство, сите веслачи успешно стигнаа до целта без потешкотии и без откажувања – додаваат од клубот за веслање.

Во прилог уживајте во официјалното видео од овој настан:

Exit mobile version