Turlitava.com

Тројца руски дипломати прогласени персона нон грата

Министерството за надворешни работи на Северна Македонија соопшти дека тројца руски дипломати се прогласени за персона нон грата.

Како што посочува Министерството, на рускиот амбасадор во Северна Македонија му била врачена дипломатска нота со која тројца дипломати во таа амбасада се прогласени за непожелни лица.

Ваквата одлука е донесена по добиени информации од надлежните органи за преземени активности кои се во спротивност со „Виенската конвенција за дипломатски односи“, се наведува во соопштението.

За Русија прогласувањето на тројца дипломати за непожелни е „неодговорен и непријателски чин“ и најавува дека нема да остане без одговор.

Exit mobile version