Turlitava.com

Скопје е подготвено за најголемата забава на ова лето

Ноќниот живот во нашата држава е постојана мета на критики и коментари, со изговор дека истиот не ги задоволува барањата на граѓаните, кои тврдат дека некогашната забава во Скопје била на едно многу подобро ниво. Сѐ поретко се организираат настани, кои вистински ќе ги привлечат љубителите на добра музика, храна и дружење.

Со еден поинаков концепт, ова лето ќе го паметиме со најголемата забава на отворено!

Еден од музичарите, кој сè уште ја забавува македонската публика каде и да се појави е Сале Певац, кој реши својата 25 годишна кариера да ја прослави со голема прослава. Четврт век, Сале каде и да се појави, подготвува таква атмосфера, што неговите настапи не можат да завршат.

Јубилејната прослава ќе се одржи на 13.09. (среда) на „Боемска улица 1“, со почеток во 18:30 часот, а влезот е од страната на Градскиот Парк. Атмосферата ќе ја загрее предгрупата „К’смет“, а потоа Сале подготви репертоар песни од различни жанрови и периоди од музичкото минато, но и од своите подготвени песни, како неговата „Ране“.

Сале, во неговата богата музичка кариера, има настапувано како дел од групата „Коки и Тајфата“ и имаше свој настап на концертот на Мирослав Илиќ во Скопје, по повод 50 годишната кариера.

Додека ја очекуваме неговата прослава од 25 годишната музичка кариера и атмосферата, која ја подготвува кога и да настапи, да кажеме дека вакви прослави му се потребни на Скопје, за да го врати својот стар сјај на град со полн ноќен живот.

Поради големиот интерес за прославата на Сале, сите резервации се пополнети и нè очекува забава, која ќе се памети со години.

Exit mobile version