Turlitava.com

Рачно изработените креации се центар на вниманието на базарот „За сите посебни дами во вашиот живот“

Голем интерес помеѓу посетителите, широки насмевки и љубопитни очи уште на првиот ден од отворањето на петдневниот маркет во пресрет на Меѓународниот ден на жената – 8 март, кој го организира Скопје Сити мол.

На базарот „За сите посебни дами во вашиот живот“ кој ќе биде отворен до 8 март, 20тина индивидуалци, успеаја да го свртат вниманието на посетителите со рачно изработените современи креации.
Веќе препознатливите артизани: Билјана Тодороска – BRILLO, Јulie Decoupage, Esoapery, ЕКО восочна обвивка, Елена Ристовска, Small piece of joy, Filigree LARGO, Glow Natural, Котев Ксенија, LaSoy, Маја Донева, Марта Пејоска, Coral Jewelry, Morpho, Unique Corner, Карло Хорват, Шарено Ќоше, М&М LUXURY SOAP BOUQUET, Блумен и Арт 2005 и Equilibrium fine arts… нудат деликатен избор на уникатни производи, во кои се втиснати нивната вештина и мајсторство на изработка.

Креативци, со еклектичен накит, уметници, кои не се плашат да експериментираат, храбро концепираат, конструираат и компонираат иновативен накит од керамика, накит креиран во сутаж техника, од епоксидна смола и полимерна глина. Сребрен накит изработен во традиционална филигранска техника, но со нетрадиционален дизајн, современ, модерен и елегантен. Преку филигранската техника, авторките ги раскажуваат своите приказни, на еден модерен и концептуален начин, низ моделирање на наративите од инспиративното секојдневие. На овој уникатен базар, некои од уметниците се претставуваат и со чанти и аксесоари изработени од кожа, трикотажен кабел, макраме конец, специфични видови на свила и со еколошки восочни обвивки од памук и пчелин восок за повеќекратна употреба, како и природни и вегански козметички производи за нега и убавина на целото тело. Во рамки на базар сo најнови производи за здрава и сјајна коса и нега на телото присутни се и светски познатите брендови: Philips personal care&Нептун, Хај Стор со брендот Dyson, SolisSilver, Keyra Cosmetics – Шпанија и Natura Therapy.

Петдневниот базар се случува на приземјето од Скопје Сити Мол.

 

Exit mobile version