Turlitava.com

Подгответе се за највозбудливиот настан за тетоважи на годината: Skopje Tattoo Show 2023!

Подгответе се за единствениот настан од светски размери каде се претставува уметноста преку мастило. Скопје е домаќин на првата интернационална конвенција за тетовирање која ќе се одржи на 26ти и 27ми август во хотел Парк.  „Skopje Tattoo Show 2023“ е настан кој ја промовира уметноста и самоизразувањето преку тетовирањето.

Уметноста на тетовирањето стана светска призната форма на уметност која се развива секојдневно. На „Skopje Tattoo Show 2023“ ќе присуствуваат над 50 интернационални и балкански тату артисти. Посетителите ќе можат да воочат тадиционални и современи тетоважи, неверојатна разновидост на стилови и техники како изгледа тетовирањето.

За време на овие два дена, тату артистите ќе се натпреваруваат во повеќе различни категории и за најдобрите тетоважи на крајот од денот ќе се доделат награди. Доколку сакаат посетителите ќе имаат можност да се тетовираат и да научат нешто од врните тату уметници.

Интернационалната конвенција нема да биде само натпревар на тату уметниците, туку ќе има и настани за секој посетител да ужива во нив. За одржување на музичката атмосфера тука ќе бидат бендот Shugarfree, DJ Goce и DJ Strajk. Нашиот познат уметник, Михаил Курбин, ќе има своја изложба, додека свое предавање ќе има м-р Ивана Хаџиманова, психотерапевт со долгогодишн искуство во областа на менталното здравје на темата „Под површината: Психологијата и подлабокото значење на телесната уметност “.

Првата „Skopje Tattoo Show 2023“ конвенција ќе биде поттик за поврзување на заедницата за тетовирање, да споделува искуства и да гради трајни врски и можност да видат како се развива и напредува тату индустријата.

Exit mobile version