Turlitava.com

Општина Аеродром со социјален и финансиски пакет за поддршка на социјално загрозени лица

Со претстојниот ребаланс на буџетот за оваа година и седницата на Советот на 29 август, Општина Аеродром станува првата општина која носи СОЦИЈАЛЕН И ФИНАНСИСКИ ПАКЕТ за помош на нашите сограѓани кои се најпогодени од економската криза.

Станува збор за економски пакет изработен со помош од експерти и вклучува:

1.000 денари месечна субвенција за струја за приматели на социјална помош

1.000 денари месечна субвенција за топол оброк и ужина на децата приматели на социјална помош

1.000 денари месечна субвенција за топол оброк за деца на самохрани родители со ниски примања

1.000 денари месечна помош за приматели на минимална пензија.

Во услови на економска, енергетска и финансиска криза, наш приоритет е да преземаме чекори со кои ќе се помогне директно на жителите. Најдобар начин за постигнување на нашата цел е кратењето на непотребните трошоци и пренамена на тие средства за помош на семејствата. Општината оваа година, за првпат во своето постоење потроши нула денари за репрезентација и патни трошоци, а овие средства беа пренаменети токму за овој економски пакет.

Дополнително, помеѓу главните приоритети беше и помошта на родителите со еднократната парична помош од 8000 денари за новороденче и 3500 денари за секое прваче, укинувањето на сите дополнителни трошоци во детските градинки, како и мерката со која сите ученици од четврто одделение ќе добијат таблет од општината, за полесно совладување на образовниот материјал.

Продолжуваме да создаваме соодветни услови за ефикасно, рационално и одговорно управување со нашата општина. Продолжуваме посветено да работиме на проектите кои ги имаме зацртано, а аеродромци се сведоци дека промените се случуваат – се наведува во соопштението од Општина Аеродром.

Exit mobile version