Turlitava.com

Од септември бесплатен таблет за четвртоодделенците во Општина Аеродром

Секое дете што посетува настава во четврто одделение во основните училишта во општина Аеродром во новата учебна година ќе добие бесплатен таблет. Ова го информираа денеска од Општината потсетувајќи дека тоа е во согласност со изборната програма на градоначалникот и заложбата за осовременување на образовниот процес.

Предвидено е над 800 дечиња да добијат таблет, со што се остварува ветувањето за модерно и современо образование за секое дете во Аеродром.

-Со оваа мерка, покрај тоа што ќе значи помош за родителите и семејниот буџет, истовремено ќе се подигне и свеста за дигитализацијата и модерните предизвици. Овој проект ќе се имплементира секоја година и претставува континуиран процес што ќе им помогне на најмладите полесно да го совладаат образовниот процес, соопштија од Општината.

Exit mobile version