Turlitava.com

Нови дојави за поставени бомби во девет скопски средни училишта и НБРСМ

Денеска (07.12.2022) околу 09.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронска адреса на девет средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, соопштија од МВР.

Исто така, денеска, околу 10.10 часот и од НБРСМ било пријавено дека на електронска адреса била упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш се преземени неопходните мерки за безбедно евакуирање и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштуваат од МВР.

И од страна на НБРСМ исто така, денеска, околу 10.10 часот било пријавено дека на електронска адреса била упатена закана за поставена експлозивна направа.

Exit mobile version