Turlitava.com

Младите од политичките партии се поканети да учествуваат на Академијата за јавни политики

Академијата за јавни политики испрати покана до помладоците на политичките партии да учествуваат во нејзината програма, чијашто цел е да негува идни политички и општествени , опремени со општи и специфични вредности и знаења за изборните и политичките процеси во земјата.

Активностите со третата генерација учесници ќе се одвиваат во периодот од септември 2022 година до мај 2023 година. Сите заинтересирани кандидати треба да ја пополнат апликацијата на следниот линк: https://electoralreforms.mk/app-2022/ најдоцна од 5 септември 2022 година.

Академијата ќе ги охрабри и едуцира младите членови на партиите да придонесат кон подобро изразување  на нивните идеи и концепти за подобро општество и плурален демократски јавен простор, како и да го унапредат знаењето и да ги подготви учесниците за изборите и целокупниот изборен процес.

„Ова беше навистина една инспиративна програма. Комунициравме со членови на други политички младински организации од целата земја и преку заеднички процес развивме јавни политики; го застапуваме јавниот интерес на сите граѓани без разлика на нивната политичка, етничка или верска припадност“, вели Тодор Конески од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, учесник на минатогодишната програма на Академијата.

Учесниците ќе научат како се креираат јавните политики, како да се влијае врз политиката и како да се примени пристап заснован на докази во развојот на политики преку четири сеопфатни 3-дневни работилници, менторство и обука за развој на кратки документи за јавни политики, ангажирање со локалните заедници и/или засегнати страни за релевантни прашања, како и тематски дебати и дискусии.

„Академијата нè научи да ги почитуваме различните ставови и погледи што ги имаме, како и она што нè обединува и што нè разделува, како партиски младински крила. Освен тоа, нè научи како и на кој начин да се постигне компромис за решавање на прашањата во иднина, во корист на младинските политики“, вели Јетмир Асани од Младинската организација на ДУИ.

„Академијата не само што нè научи што се јавни политики и како да развиваме политики засновани на докази, туку укажа и на важноста од граѓанското учество во процесот на развивање политики“, вели Рабие Бајрамоска, член на Младинската организација на СДСМ.

Освен тоа, планирана е студиска посета во регионот или во некоја земја членка на Европската Унија.

Академијата за јавни политики е дел од Проектот „Поддршка за изборните реформи во Северна Македонија“ поддржан од Владата на Швајцарија, имплементиран од страна на Меѓународната фондација за изборни системи (IFES) и во партнерство со Форумот за разумни политики.

Exit mobile version