Turlitava.com

Младите од Град Скопје подготвени за промени – Заврши 1-от менторски форум на Зен 2.0 Караван

Се одржа првиот од петте форуми за менторство за млади лидери на заедниците, во рамки на проектот Зен 2.0 Караван, наменет за поширокото подрачје на Град Скопје, на кој учество земаа 5 учесници водени од 4 ментори.

Првиот дел од 1-от менторски форум за млади лидери на заедниците во рамки на проектот Зен 2.0 Караван се одржа на 31 октомври, во седиштето на Здружението Икуалити – Скопје.

Учесниците на почетната менторска обука „Јавен настап и креативно себепрезентирање“, имаа можност да се стекнат со вештини за јавно себе-презентирање и комуникациски вештини, каде низ практични примери и вежби добија можност да се претстават, да создадат различни видови на известувања за медиуми, но и да бидат информирани за типовите на комуникација, кои постојат помеѓу индивидуално лице или група и еден јавен медиум.

Во втората менторска обука насловена „Физички и ментален имунитет“, учесниците се стекнаа со вештини, како со конкретно делување да станат свесни за сопственото влијание во креирање на постабилен имунитет, како на физичко, така и на психичко ниво.

Во вториот дел од 1-от менторски форум за млади лидери на заедниците, се одржа менторска обука „Како до успешно и индивидуално и групно застапување“, каде учесниците беа обучени за начините за самозастапување, во рамки на правниот поредок во земјата, но и на меѓународно ниво. Беа прикажани и позитивни примери за правни чекори, кои довеле до позитивен исход за барателите на правдата, особено во делот на заштита на основните човекови права.

По завршување на Првиот менторски форум и евалуацискиот период, младите лидери во рамки на иницијативата „Замисли, проектирај и направи промена“ ќе одберат едно значајно прашање или предизвик, што со помош на стекнатите вештини и под менторство на обучувачите во периодот што следи ќе се обидат да го надминат. Истот е се со цел да се обезбеди видлива промена, која ќе ги мотивира нивните врсници, но и целото општество, дека промента е возможна, само и доколку преземемат чекори за остварување на истата.

Зен 2.0 Караванот истовремено навлегува во следната фаза, односно подготовките за вториот повик, наменет за младите од Општина Гостивар. Во соработка со општинските власти, како и со поддршка на локални организации од областа на младинските прашања Зен 2.0 Караванот ќе се обиде да работи на промени и во останатите 4 проектни општини, Гостивар, Битола, Стурмица и општините од подрачје на Град Скопје.

Повикот за  млади лица – учесници од Општина Гостивар ќе биде објавен во почеток на месец декември 2023 година.

Exit mobile version