Turlitava.com

Мечки во Галичник превртуваат контејнери за смет барајќи храна

Месната заедница „Галичник“ бара министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Државниот инспекторат за ловство да преземат мерки во однос на зголемено присуство на мечки во ова подрачје.

Во соопштението до јавноста велат дека дивите животни се одомаќинети во селото, често доаѓаат и ги превртуваат контејнерите за смет барајќи храна.

Според МЗ „Галичник“, мечките се опасност за локалното насление.

Би сакале да Ве известиме дека Месна заедница Галичник повеќе пати сосем официјално се обраќа до Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство и до Државниот инспекторат за ловство укажувајќи на растечкиот проблем со присуство на мечки во Галичник. Дописи се доставени преку архивите на двете институции во 2019 и 2020 година, а минатата недела се обративме на службениот мејл на Инспекторатот. Апелираме надлежните да дејствуваат и да дадат насоки на локалното население. Одомаќинети диви животни во населени места претставуваат голема опасност за населението, велат од Месната заедница.

Тие потенцираат дека има страв кај населението и бараат во најбрз можен рок да се преземат мерки и активности, но никако не бараат дозвола за отстрел и инсистираат то да биде последна опција за решавање на проблемот.

Exit mobile version