Turlitava.com

Малопродажните цени на бензините се намалуваат за два денари, а цената на дизелот останува иста

Малопродажните цени на бензините се намалуваат за два денари, а цената на дизелот останува иста, одлучила денеска Регулаторната комисија.

Ова го соопшти претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски на денешната прес конференција.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 87,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 90,00 ден/лит.

Цената на дизелот останува иста и тој ќе се продава за 101,5 денари за литар.

Exit mobile version