Turlitava.com

Еко иницијатива за крај на годината: 4 зелени поени на апликацијата Екомак за секое селектирано шише Ладна

За крајот на годината, Ладна организира еко иницијатива во соработка со Пакомак. Корисниците на вендинг машините на Пакомак за секое селектирано шише Ладна од 0,33л, 0,5л, 1л, 1,5л или Ладна Anti-Aging и Ладна Immunity од 1л и 0,5л ќе добиваат по 4 зелени поени на Екомак апликацијата.

Преку оваа иницијатива, Ладна им дава можност на своите потрошувачи да добијат повеќе, со тоа што обезбедува поголема вредност за секое селектирано шише преку системот на апликацијата Екомак. Зелените поени собрани преку оваа апликација им овозможуваат на корисниците бројни придобивки како што се плаќање на општински и јавни услуги, купување во некои ланци маркети и др.

Целта на оваа еко иницијатива е подигање на свеста за селектирањето и почистата животна средина кај потрошувачите на Ладна. Со повратните вендинг машини на Пакомак, тоа никогаш не било полесно!

Exit mobile version