Turlitava.com

Денеска се слави Преподобна Параскева – Пековден

Денеска е Преподобна Параскева – Петковден во народот позната како света Петка. Нејзините чудотворни мошти низ вековите биле пренесувани во Цариград, Трново, Белград, а денес се наоѓаат во градот Јаши во Романија. Денешниот празник голем број верници го прославуваат и како семејна слава.

Света Петка се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести, поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева.

Многу лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени Петочни води.

Петковден како домашен празник со служби посветени на св. Петка, со чекање гости и со други обичаи и свечености го празнуваат голем број македонски семејства.

Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка…

Exit mobile version