Turlitava.com

Денеска се празнува Св. Атанасиј Велики, по овој празник се верува дека сѐ е полесно

Православните христијани, два пати во годината го празнуваат споменот на свети Атанасиј Велики. На 31 (18 по старо) јануари се празнува празникот Танасовден – зимски, а на 15 (2 по старо) мај Танасовден – летен.

Празникот Св. Атанасиј зимен народот го смета за средзимо, па се верува дека главните студови веќе се поминати. Затоа во народното верување тој е победник над силните студови и мразеви кои му се паднале при поделбата на должностите меѓу светците.

Сепак, како предупредување дека зимата не е замината, односно дека студовите можат да изненадат останала пословицата „Атанас фрли кожувот ја врз нас ја врз рас“. Во Гевгелиско мислеле дека Св. Атанас кој е „средзима“ и дека е лесен празник, не е аталија (кобен). Се држел како празник до пладне, а после и да се работи не се сметало за грев. Мислејќи на зимските студови овде се велело дека е тешко до Св. Атанасиј, а после и тој што е за умирање не се предава.

На Свети Атанасиј и денот е веќе подолг. Од 21 декември, кога денот почнува да се зголемува, денот од 31 јануари е подолг за еден час.

Именден празнуваат: Атанас, (доаѓа од грчкото Атанасиос и значи бесмртен), Атанаска, Танас, Тане, Танаска, Насе, Насте…

Вечно име и за многу години!

Exit mobile version