Православните христијани денеска го слават празникот на Светата маченичка Марина, позната во народот како Огнена Марија, почитувана како борец за верата Христова и заштитник на жените.
Огнена Марија, Светата маченичка Марина е родена во Антихија. Крстена е на 12. години, а за нејзината вера во Исус Христос пострадала во времето на царот Диоклецијан.
Според народното верување, Света Марина пали и казнува со оган, како Свети Илија кој казнува со молњи и таа спаѓа во „огнените” светци. Ако на денот на Огнена Марија, се слушаат молња и громови, тоа се смета за лош знак и голема казна. Се верува дека оваа светица добро знае кој е грешник, така што тој ден секој го добива она што го заслужува.
Според христијанската традиција, Светата велиомаченичка Марина е исечена со меч во својата 16. година во времето на царот Диоклецијан.
Во некои православни цркви се слави како Маргарета Антиохиска, која страдала заради верата во Христа.
Нејзините мошти сместени се во Цариград до доаѓањето на крстоносците, а сега нејзината рака е во манастирот Ватопед на Света. Во манастирот на света Марина во Албанија на планината Лонга над Охридското Езеро почиваат нејзините свети мошти, кои ги посетуваат и православните и муслиманите.
Во источното и во западното сликарство Светицата е насликана со крст и палма, симбол на мачеништво во раце, змеј под нозете и често со куќи во пламен во позадина.
Огнена Марија во некои православни семејства се одбележува како слава.
Овој празник на црквата во календарот не е означен со “црвено”, но сепак е многу почитуван во црквата и меѓу народот.
Жените особено го слават денот на огнената Марија. Обичај е да на овој празник, кога поради големата жештина гори и небото и земјата, ништо да не се работи.