Православната црква и нејзините верници го слават еден од најголемите и најважните светци – Свети Јован Крстител. Овој светител го слават голем број луѓе, како светец познат по својата чистота, морал и Божјата одлука да го изврши чинот на крштевање на Исус Христос.
Уште од првите векови Црквата утврдила овој ангел во тело да се прославува веднаш после празникот Богојавление. Тоа е затоа што неговата главна служба, неговото главно дело, се состоеше во подготвувањето на народот за доаѓањето на Помазаникот Исус.
Така, иако свети Јован Претеча и Крстител се прославува на неколку пати во текот на годината, неговиот собор т.е. главен празник е на денешен ден (20 јануари).
Јован Крстител се смета за зaштитник на кројачите, музичарите, гостилничарите…