Turlitava.com

Бимилк го одбележа Светскиот ден на детето со детска кулинарска работилница

Светскиот ден на детето, кој се одбележува на 20 ноември, не е само ден на кој се слават детските права – тоа е и потсетник за важноста од создавање можности за учење, поврзување и радост кај најмладите. Инспириран од овие вредности, Бимилк годинава одлучи да го одбележи овој ден со уникатна кулинарска работилница, која ги спои магијата на готвењето со омилената Битолска павлака, која што го збогатува вкусот на секој оброк, како и моќта на заедништвото вклучувајќи ги децата на вработените од компанијата и децата поддржани од СОС детско село.

Интерактивниот настан организиран од Бимилк беше во соработка со шеф Марко Матиев од Утопиа, коj ги водеше и низ забава ги учеше децата поддржани од СОС Детско Село и децата на вработените во компанијата. „Најмладите имаа можност да научат како да подготвуваат вкусни оброци користејќи ја Битолска павлака како главен херој. Поделени во тимови, децата создаваа креативни рецепти – од овошни сендвичи до рафаело топчиња – со помош на шеф Марко и Битолското чупе”, изјави Маја Велевска Литовска, бренд менаџер во Бимилк.

Настанот не беше само за учење кулинарски техники. Децата се натпреваруваа, се забавуваа и учеа за „Патот на млекото“ преку интерактивен квиз, осознавајќи како млекото и млечните производи стигнуваат до нивните трпези. „Финалето беше вистински празник – долгата заедничка трпеза каде што децата уживаа во оброците што самите ги подготвија, убави моменти на заедништво и радост“, додаде Велевска Литовска.

Бимилк традиционално го одбележува Светскиот ден на детето и на повеќе различни начини дава поддршка на мисијата на СОС Детско село. Со овој настан, Бимилк уште еднаш потврди дека е повеќе од компанија – таа е партнер во создавањето среќни спомени, поддршка и инспирација за децата. Светскиот ден на детето е наша заедничка можност да го славиме детството и да создадеме свет полн со љубов и грижа за идните генерации.

Exit mobile version