Turlitava.com

Бесплатни испити за дигитални вештини наменети за средношколци од сите градови низ земјава

Во рамки на годишната кампања од општествена одговорност „Подаруваме знаење“, првиот едукативен центар за компјутерска обука во Македонија, Семос Едукација, подари  бесплатни официјални испити, за сите заинтересирани ученици од трета и четврта година од сите средни училишта во земјава.

Над 100 средношколци имаа можност да полагаат бесплатни официјални испити од вендорите Microsoft, Adobe и Autodesk, кои ќе им помогнат во изборот на идна кариера, како и во нивниот професионален развој.

Пријавените ученици од сите градови низ земјава, помеѓу кои: Неготино, Делчево, Охрид, Тетово, Кочани, Куманово, Велес, Скопје… имаа можност да ги валидираат своите вештини и да го потврдат своето знаење преку полагање на овие испити.

Овие светски признаени испити имаат за цел да го потврдат стекнатото знаење и дигиталните вештини, кои учениците ги поседуваат и да ја насочат нивната кариерна патека, да ги потикне и понатаму да продолжат со образование во соодветна област и да се специјализираат во одредена индустрија.

Кога децата се на возраст од  15 до 20 години, тогаш почнуваат да си ги поставуваат првите прашања со што сакаат да се занимаваат во иднина. Оттука и се одлучивме за кариерно советување, со цел детето да се поддржи во истражувањето на своите интереси и кариерните опции”, вели Елена Мирчевска, дипломиран психолог и сертифициран GCDF кариерен советник во Семос Едукација, која беше гостин на тестирањето и имаше онлајн презентација за кариерата и кариерните патеки.

Целта на оваа благородна мисија е да се едуцираат успешни млади генерации, кои се подготвени да се справат со сите предизвици кои ги носи дигиталното опкружување.
Изборот на кариера е еден од најважните избори за секој млад човек, кој никогаш не е доцна да се направи, бидејќи знаењето и упорноста секогаш водат до посакуваната цел.

„Менуваме животи“ е мотото на Семос Академиите со цел да се отвори патот на младите луѓе кон најперспективните ИТ и креативни професии и да им помогне во креирањето на успешна иднина.

Exit mobile version