Turlitava.com

Бектеши: Најдено е решение за снабдувањето со струја во Арачиново

Решението, како што посочи министерот за економија Крешник Бектеши, е привремено, но изрази надеж дека ќе биде долгорочно доколку, како што рече тој, сите страни го почитуваат договорот и законите во државата.

Тој информира дека во координација со градоначалникот на општината Арачиново и раководството на ЕВН, најдено е привремено решение за прашањето за снабдување со електрична енергија на жителите на оваа општина.

– Ова решение е привремено, но, со надеж дека ќе биде долгорочно доколку сите страни го почитуваат договорот и законите во државата. Да вложиме максимални напори да заштедиме струја, да го заштитиме семејниот буџет и да не ја влошиме состојбата со енергетската криза, напиша министерот Бектеши на својот фејсбук-профил.

Exit mobile version