Turlitava.com

Бајкерот и Кросфитерот. Нов спортско-едукативен подкаст во Македонија

Во последните неколку години, подкастите доживеаја вистински бум. Многу различни параметри придонесоа за тоа. Факторите што влијаеле на подкастите да станат толку популарни се, пред сè: заситеноста на корисниците со мејнстрим медиумите, разновидноста што ја обезбедуваат подкастите, подобрувањето на интернетот, релативно евтиното и лесно креирање на подкасти, независноста во уредничкиот текст. Тука секако, не треба да се заборави и промената на начинот на живот на луѓето во денешно време, во однос на управувањето со времето и животните навики.

„Бајкерот и Кросфитероте еден од првите спортско-едукативни подкасти од Македонија.

Станува збор за двајца искусни спортисти, Жарко Батиќ, долгогодишен кошаркар, кревач на тегови и секако истакнат и најуспешен кросфит атлета од Македонија (неколку кратен државен првак) и Томе Попчевалиев (исто така креатор и водител на Тomas Performance Podcast, долгогодишен кошаркар, атлетичар, триатлонец, велосипедист, авантурист (неколку кратен државен првак).

Она што би ги издвоило водителите на овој подкаст е нивната интересна гледна точка и заклучоците до кои заедно доаѓаат кога станува збор за клучните прашања поврзани со опфатените теми.

Како главна нишка на секоја епизода е мотивот да отворено, јасно, едноставно и достапно за што поширока публика се разговара на теми од: здравјето, фитнесот, мотивацијата и исхраната, тренинг, личен развој и други позитивни работи од кои секој ќе има корист.

Вистина е дека подкастите ни даваат нов вид на „храна“ за размислување со нивниот интересен поглед на ситуации. Ова е она што би го издвоиле како важно и различно од другите облици на подкасти, што ретко може да се очекува кога е Македонија во прашање. „Жешките“ теми, откако со нив се занимава ова водителско дуо, се чини дека ја преземаат тежината што една таква тема треба да ја носи.

Подготвеноста на оваа домаќинска двојка и нивното завидно познавање на темите што ги обработуваат, вклучувајќи информации кои се секогаш добредојдени, е она што го прави нивниот подкаст да биде местото каде што секогаш може да ја дознаеме позадината на приказните што нѐ интересираат.

„Бајкерот и Кросфитерот објавуваат оригинални содржини секој понеделник, во 19 часот, во форма на долги епизоди, во кои неретко гостуваат и познати домашни или странски личности.

Освен на  YouTube, ова оригинално водителско дуо може да го најдете и на останатите социјални мрежи како Instagram, TikTok, Facebook, Apple, Spotify, Amazon, Google итн.

https://www.youtube.com/@bajkerot_krosfiterot

Exit mobile version