Агенцијата за млади и спорт организираше прием за младите надежи на ШК Алкалоид, Дино Табаковски и Стојан Велкоски кои имаа успешен настап на сениорското „Европско првенство во шах за аматери“, кое од 14 до 21 август се играше во Загреб, Хрватска.
За одличните резултати, второ место на Дино Табаковски во категоријата на играчи со рејтинг до 1700 поени, како и делба на третото место на Стојан Велкоски меѓу играчите со рејтинг до 2000 поени директорот на АМС, Наумче Мојсовски им додели благодарници.
Мојсовски на двајцата млади шахисти им порача да продолжат со работа и им вети дека ќе се заложи преку шаховската федерација да се стимулираат за натамошен развој и напредок.