Turlitava.com

Стефан Марковски со повеќе активности во резиденцијалниот престој во Руен

Во склоп на активностите за кандидатурата на градот Руен, Франција, за втора Европска престолнина на културата во 2028 година, покрај Скопје, Стефан Марковски беше поканет да престојува на резиденцијален престој во овој град.

Македонскиот писател одржа активности посветени на промоцијата на литературата и преведувачката дејност во училиштата.

Во училиштето „Катерина Бернард“ во Барентан, македонскиот писател одржа работилница со различни класеви на ученици, кои интерактивно го преведуваа од македонски на француски јазик текстот на сликовницата на Марковски „Гулапчето Мики“ (Едиција Светулка, 2020), а приказната ја развиваа понатаму во повеќе насоки.

Освен работилницата, Марковски оствари средби и со француски писатели, културни работници, културни менаџери, како и уредници на литературни списанија.

По Париз, кој беше избран во 1989-та година, Авињон во 2000-та, Лил во 2004-та и Марсеј-Прованса во 2013-та, во 2028-ма година ќе биде избран уште еден француски град за Европска престолнина на културата.

Во потесниот избор за оваа културно важна титула влегоа четири француски градови: Руен (Нормандија), Клермон-Феранд (Оверњ-Рона-Алпи), Бурж (Центар-Долина на Лоара) и Монпелје (Лангдок-Русијон).

Exit mobile version