Turlitava.com

Шунтаро Таникава ќе биде прогласен за почесен член на Друштвото на писателите на Македонија

Друштвото на писателите на Македонија и Струшките вечери на поезијата според досегашната повеќегодишна практика и соработка, и овогодинешниот добитник на наградата Златен венец на СВП, јапонскиот поет Шунтаро Таникава ќе биде прогласен за почесен член на ДПМ.

Како што соопштуваат од Друштвото на писателите на Македонија, признанието во име на лауреатот ќе го прими неговиот син Кенсаку Таникава.

Овој чин ќе се одржи во Струга во рамките на Струшките вечери на поезијата, а признанието за почесен член ќе го врачат претседателот на Друштвото на писателите на Македонијс Христо Петрески и претседателката на Собранието на ДПМ Кристина Николовска.

Годинашното 61. издание на Струшките вечери на поезијата ќе биде отворено вечер, во Струга, со читање на Константиновата Т`га за југ и палење на фестивалскиот оган. Поради најавите за дожд наместо на платото пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, свеченоста ќе се одржи на терасата во хотелот „Дрим“.

Exit mobile version