Turlitava.com

Промоција на книгата „Пандемија и постхуманизам“од Иван Џепароски

Книгата „Пандемија и постхуманизам“ (есеи) на реномираниот македонски филозоф, естетичар и теоретичар на културата проф. д-р Иван Џепароски, претставува едно од првите вакви дела кај нас во кое се анализираат прашањата поврзани со промените што се случуваат во нашата современост, и на глобален и на локален план. Пристапот кон овие актуелни прашања е од гледна точка на релациите помеѓу пандемијата на Ковид-19, од една страна, и на постхуманизмот и трансхуманизмот, од друга страна.

Книгата ќе ја промовираат Наташа Аврамовска и Мишел Павловски и ќе биде музички збогатена со настап на Билјана Петровска – пијано.

Иван (Ивица) Џепароски (9 мај 1958, Скопје) е филозоф, естетичар, критичар, антологичар и поет. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје, каде што и магистрирал и докторирал. Автор е на над триесет книги: на петнаесет книги од областа на естетиката и на културната теорија, на осум поетски книги, на три поетски антологии и на осум книжевнотеориски и есеистички избори. За своето творештво ги има добиено наградите: „Млад Борец“ (1984), „Димитар Митрев“ (1993), „Парадигма“ (2009), „Браќа Миладиновци“ (2016) и „Книжевен жезол“ (2021). Добитник е и на наградата „Григор Прличев“ (1993) за поетски превод. Работи на Филозофскиот факултет во Скопје како редовен професор по Естетика и Филозофија на културата. Во неколку мандати бил раководител на Институтот за филозофија (2004–2009; 2013–2021), раководител на постдипломските студии на овој институт (2009–2013) и секретар на македонскиот ПЕН-центар (1999–2001; 2008–2014). Во моментов е раководител на постдипломските Интеркултурни студии (2021–2022) на Филозофскиот факултет во Скопје. Се занимава и со превод: Вилијам Блејк, Џејмс Џојс, Јосиф Бродски, Дејвид Хјум итн. Неговата поезија и некои од неговите есеи се преведени на над дваесет странски јазици во светот, а избори од неговата поезија се објавени во одделни книги на англиски, бугарски, српски, албански и романски јазик. Неговата книга „Македонскиот есеј“ е преведена на англиски, француски, германски, руски, шпански и на кинески јазик (2011–2016), додека книгата „Уметничкото дело“ (2018) – на албански јазик, хуманистичките науки и во контекст на состојбите поврзани со сенката на Ковид-19 што го има надвиснато светот.

Exit mobile version