Turlitava.com

Почина Оливера Николова, авторката на „Зоки Поки“ и една од најзначајните македонски писателки

На 88 годишна возраст почина писателката Оливера Николова (Скопје, 1936). Таа пишуваше за деца и за возрасни, а ќе остане запаметена по книгата за деца – „Зоки Поки“. Таа е една од најплодотворните, најнаградувани и најчитани македонски писателки. Работниот век го поминала во јавниот сервис МРТВ како уредничка и драматург.

Николова е авторка на неколку телевизиски проекти: „Зоки Поки“ (тв-куклена серија); „Среќен пат, Зоки!“ (тв-куклена серија, со Глигор Поповски и Видое Подгорец); „Девојките на Марко“ (тв-серија во шест епизоди). Исто така, таа е автор и на неколку радио-игри: „Земја во која не се стигнува“, „Игра за мама“, „Од палец до сон“, „Како расте татковината“, „Големото зошто“.

Николова освои повеќе награди и признанија, меѓу кои се „ Рациново признание“, „Стале Попов “, двапати ја освои наградата „Роман на годината“, оваа година беше одликувана и со орден за заслуги од поранешниот претседател, Стево Пендаровски.

Таа е член на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) од 1963 година. Смртта на Николова ја потврдија од ДПМ, од каде дополнително ќе го соопштат датумот и терминот на нејзиниот погреб.

Exit mobile version