Turlitava.com

Oбјавени добитниците на конкурсот за најдобра поетска творба посветена на Климент Охридски

Поетските творби „Климент Охридски“, „Средновековен времеплов“ и „Чекорот на Св. Климент Охридски во мугрите на древниот Охрид“ се најдобрите три на ученичкиот литературен конкурс посветени на Свети Климент Охридски, што Општина Охрид го објави по повод патронот на градот – 8 декември.

За најдобрите творби одлучувала жири комисијата во состав: Перчо Божиновски претседател и членови професорките Светлана Велкоска и Светлана Огненова.

– Жири–комисијата одлучи први награди да им бидат доделени: во прва категорија за ученици од одделенска настава на поетската творба „Климент Охридски“ испратена под шифра „Славјан“. Во втора категорија за учениции од предметна настава избрана е поетската творба „Средновековен времеплов“ под шифра „Средновековна книжевна школа“, додека во трета категорија за ученици од средно образование, поетската творба „Чекорот на Св. Климент Охридски во мугрите на древниот Охрид“, под шифра „050321“, соопштуваат од Општина Охрид.

Добитниците на наградите утре со четвртиот примерок од творбата со која конкурирале да отидат во Одделението за култура во Општина Охрид за да го докажат своето авторство.

Exit mobile version