Turlitava.com

Кратките играни филмови „Проблемот на Тинa” и „Северен пол” на фестивал за кратки филови во Холивуд

Problemot na Tina i Severen pol na Hollyshorts

Кратките играни филмови „Проблемот на Тинa” на Радован Петровиќ и „Северен пол” на Марија Апчевска-Петровска ќе учествуваат во официјалната селекција на Холи шортс филм фестивал (HollyShorts Film) Festival што се одржува во Холивуд, САД.

Филмовите ќе се прикажуваат во светски познатиот TCL Chinese Theatre на Hollywood Blvd, во периодот од 11 до 20 август. Овој фестивал е Academy Awards Qualifying Festival и секоја година избира три филма кои се квалификуваат за наградата Oскар. И оваа година во официјалната селекција има филмови во кои играат актери кои се номинирани или се добитници на наградите Oскар, Голден глоб, Греми, Еми, како Џејмс Франко, Врајан Кокс, Росарио Доусон, Виз Калифа…

По освојувањето на наградата Голде амбрела (Golden Umbrella) за најдобар интернационален филм  на фестивалот во Измир, „Проблемот на Тинa” на фестивалот во Холивуд ќе ја има својата американска премиера. Главните улоги ги толкуваат Душица Настова, Жаклина Стефкова-Дрнасин, Јордан Симонов, Тамара Ристоска, Емилија Мицевска-Трајковиќ. Сценариото е на Румена Бужаровска, директор на фотографија е Андреј Лембанов, сценограф Илина Ангеловска, костимограф Жаклина Крстевска и шминкер Ирена Сенокозлиоска.

„Северен пол” после премиерата во Официјалната селекција на фестивалот во Кан учествуваше на повеќе од 80 интернационални фестивали и освои неколку награди. Во филмот играат Антонија Белазелкоска и Лука Митев. Сценарист е Марија Апчевска-Петровска, директор на фотографија Владимир Самоиловски, сценограф Кирил Спасески, костимограф Биљана Гргур, шминка Горан Игњатовски и копродуценти Милош Љубомировиќ и Миодраг Поповиќ.

Филмовите се во продукција на Кино око и Партизанс. Продуцент на двата филма е Роберт Насков. Финансирани се од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.

Exit mobile version