Turlitava.com

Концерти, изложби и претстави вечер на фестивалот „Звукот на Скопје“

Фестивалот „Звукот на Скопје“ продолжува вечер со концерт на модерна, моќна и енергична музика на плоштадот „Мајка Тереза“ каде ќе настапат Брука бенд, Фулиш Грин, Бла Бла Бла, Тони Китановски и Черкези и Љубојнаи.

Додека на „Ибни Пајко“ ќе се претстават Баклава, Дориан и Добрила Дуо и „Перија“, а ќе може да се погледне и изложбата на колажи на Игор Калц. Ќе има и поетско читање, а за најмладите генерации и нивните родители ќе биде изведена детската престава „Куферко светскиот патник од Македонија” на Симона Ристевска.

Exit mobile version