Turlitava.com

Концерт на Пијан Славеј во Битола

Битолскиот театар овој понеделник ќе биде место на новата македонска шансона со концертот на Пијан Славеј.

Пијан Славеј е паралелен проект на Бранислав Николов фронтменот од бендот “Фолтин”, кој заедно со Пеце Трајковски, Славчо Јовев и Андреа Мирческа е директен обид да се креира една нова македонска шансона, која инстинктивно го осовременува стариот вкус на музичката поезија од шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век.

Јасната визија на Пијан Славеј за тоа каква музичка експресија треба да добие секој збор, секогаш совршено се слева со местото во кое сцената тој ја претвора во медиум каде што не се раѓа само добриот звук, туку ја дава Бранко безрезервно својата енергичност, својата бунтовност, својата музичка километража…но и вечниот младешки занес кој не го напушта. Бранко преку стиховите ја раскажува мислата лежерно, притоа заведувајќи не, барем на миг да помислиме дека сѐ е едноставно.

Неговите настапи се музички перформанси, а Бранко под неговиот уметнички алијас Пијан славеј, презентира конкретна музика со поетски сензибилитет на една нова македонска шансона.

Концертот ќе се одржи на 13-ти февруари со почеток во 20 часот во Народниот театар Битола.

Exit mobile version