Turlitava.com

Јавен повик за учество на млади во меѓуетничкиот филмски проект „И покрај сè“

Здружението Тинтири Минтири започнува со реализација на мултиетничкиот филмски проект „И покрај сè“ кој промовира дијалог и соработка помеѓу младите од различно етничко потекло.

Проектот е поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, како дел од проектот „Градење нови мостови – Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд “ („Building New Bridges – Youth Inter-Cultural Art Fund“).

Во период од шест месеци преку низа работилници и филмска обука, триесетина млади на возраст од 14 до 18 години ќе добијат можност да соработуваат со своите врсници од различно етничко потекло. Како краен резултат од оваа соработка ќе произлезе краткиот филм „И покрај сè“ кој ќе биде прикажан во кино и на телевизија.

Работилниците, како и практичната работа ќе им овозможат на младите да ги реализираат своите креативни потенцијали и да развијат вештини.

Работилниците ќе се организираат со динамика еднаш во неделата во просториите на Тинтири Минтири, а ментори ќе бидат филмски работиници од сферата на актерската игра, режија и сценарио.

Сите заинтересирани млади на возраст од 14 до 18 години можат да се пријават за учество со пополнување на пријавата на веб страната на Тинтири Минтири https://tintirimintiri.mk/, по што тимот на Тинтири Минтири дополнително ќе ги контактира.

Exit mobile version