Вечерва во Центар – Јадро ќе биде отворена изложбата „Урбани рефлексии“ на којашто ќе биде претставена визијата за родниот град на фотографот Ристо Костовски.
– Поставката содржи шеснаесет дигитално печатени фотографии во боја на коишто основниот мотив е рефлексијата на стварноста разбрана во обете значења – и како одраз, и како самопромислување, велат од КСП Центар – Јадро.
Оттаму објаснуваат дека по својата жанровска припадност, интересите на авторот се сместуваат на работ на, таканаречената, улична фотографија, односно, фотографија на јавниот урбан простор и на неговите процеси.