На 15 декември (петок) во 19:00 часот во Народен театар – Гевгелија, во организација на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија ќе гостуваат македонски писатели-членови на Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“ – Битола, кои ќе зборуваат за историјата на оваа писателска асоцијација, нејзините книжевни и периодични изданија, како и за манифестациите и настаните во нејзина организација.
Претседател на Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“ – Битола е Зоран Пејковски.
Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“ – Битола е здружение во кое на доброволна основа се здружуваат и членуваат писателите, заради остварување на своите професионални, авторски и други заеднички и индивидуални права и интереси, и за унапредување и афирмирање на литературното творештво во Битола.
„Битолски книжевен круг“ од 2001 година двапати годишно го објавува списанието за книжевност, уметност и култура „Раст“, а ја организира и манифестацијата „Битолски книжевни паметења“. Издавач е и на повеќе поединечни изданија на книги од сите жанрови.