Turlitava.com

„End&Start game“ по повод Светскиот ден на театарот во Театар „Чекори“

По повод Светскиот ден на театарот, на 27 март (среда) со почеток од 20 часот во Домот на култура „Димитар Влахов” – Автокоманда, Театар „Чекори” ќе ја изведе претставата „End&Start game” по делото „Крај на играта” од Семјуел Бекет, во режија на Снежана Коневски – Руси.

Улогите ги толкуваат: Марко Џамбазоски, Даниел Гочевски, Никола Кузманоски, Маја Ѓурчевска и Никола Димевски.

Картите ќе можат да се набават на самиот влез, пред почеток на претставата по цена од 200 денари.

Exit mobile version